Царинската управа одбележува 27-годишнината од своето формирање

По повод 14-ти Април, денот Царината, денеска во просториите на Националната филхармонија во Скопје се одржа традиционалната свечена церемонија на која  присуствуваа високи претставници на Владата на Република Северна Македонија, претставници на дипломатскиот кор, бизнис заедницата и други соработници на Царинската управа. Свечениот настан, по повод празникот,   го отвори претседателот на Владата на Република Северна Македонија г-дин Зоран Заев кој истакна дека одбележувањето на овој ден е значаен за нашата држава и за граѓаните, бидејќи Царинската управа и царинските работници се првиот контакт со земјата - тие се лицето на Република Северна Македонија, а царинското работење е поттик и важен предуслов за унапредување на меѓународната трговија на земјата.

Традиционално, на денот на Царината беше искажана благодарност на институции и поединци кои со својата работа дадоа придонес за успешната работа на Царинската управа и поддршка на реформите во царинското работење. Босиљко Злопашa, помошник-директор на Царинската управа на Република Хрватска доби специјално признание за неговиот извонреден придонес во развојот на македонската царинска служба и долгорочна соработка и учество во проекти.



Press releases