Туризмот во Хрватска

По повод одбележувањето на Светскиот ден на туризмот во амфитеатарот на УТМС пред студентите и вработените предавање на тема: Туризмот во Хрватска, одржа амбасадорката на Р. Хрватска во Р. Македонија, Нејзината Екселенција, г-ѓа Данијела Баришиќ. Во воведното излагање амбасодорката го потенцираше глобалното значење на денешниот ден, Светскиот ден на туризмот. Во предавањето беше промовирана глобалната кампања на UNWTO за подигнување на свеста за вредноста на одржливиот туризам за економскиот раст и развој –Travel, Enjoy,Respect која го афирмира значењето на туризмот како катализатор за позитивни глобални промени. Исто така беше истакнато значењето на поддршката што Р. Хрватска ја дава во развојот на туристичката индустрија за инклузивен економскиот раст, социјално зајакнување на заедниците со обезбедување на пристојни работни места, зачувување и збогатување на животната средина и справување со климатските промени, славење и зачувување на различноста, идентитетот и материјалната и нематеријалната култура, и мирот како основен предуслов за развој и напредок на глобално ниво.

(https://www.utms.edu.mk/vesti-za-utms/item/5782-ambasadorkata-na-r-hrvatska-vo-r-makedonija-nejzinata-ekselencija-g-gja-danijela-barishikj-na-utms-odrzha-predavanje-za-znachenjeto-na-turizmot-za-odrzhliv-razvoj)



Press releases