Соработка во подрачјето на културата, образование

Соработката на подрачјето на културата

Соработката во подрачјето на културата помеѓу Република Хрватска и Република Македонија е во постојана нагорница и иако изворно се темели на заемно порано стекнати афинитети помеѓу креаторите и вработените во одделни уметнички изрази – театар, филм, музика, ликовна дисциплина, издавачка дејност, а во последно време е во значаен пораст и обостраната афирмација на проектите кои се иницирани од младите автори, малцински заедници (Хрватите во Македонија и Македонците во Хрватска) како и иницијативата конкретно на Амбасадата на Република Хрватска во Република Македонија во повеќезначајни и мултидисциплинарни случувања чија реализација е поттикната и овозможена со Договорот за взаемна културна и просветна соработка помеѓу Владата на Република Хрватска и Владата на Република Македонија, Договор склучен во декември 1995 година, а особено, со протоколот: Програма на соработката помеѓу Министерствата за култура на РХ и РМ за тригодишен период 2009/2011 година, кој е потпишан од министрите за култура на Република Хрватска, м-р сц. Божо Бишкупиќ и м-р сц. Елизабета Канческа Милеска на 19 јануари 2009 година.

Традиционалниот, пети по ред Велигденски концерт, во организација на Амбасадата на Република Хрватска во Република Македонија е одржан на 12 април 2010 година во  скопската катедрала „Пресвето Срце на Исус„, која беше преполна. По тој повод настапи една од најпознатите хтватски „клапи„ – Бонаца од Шибеник. Во почеток на концертот на сите присутни им се обрати амбасадорот на Република Хрватска во Република Македонија, Иван Кујунџиќ и скопскиот бискуп и апостолскиот егзарх, д-р Киро Стојанов. Целиот концерт беше сниман од Македонската телевизија, а најгледаната комерцијална телевизија А1 сними репортажа за концертот.
На ден 16 декември 2009 година во скопската Катедрала е одржан традиционалниот Божиќен концерт на кој присуствуваа највисоки македонски должносници и многубројни дипломати. На концертот настапи Винко Цоце придружуван од музичарите Јаков Кошќина и Иво Вулетин. Организатор на конертот беше Амбасадата на Република Хрватска во Република Македонија.

На ден 6 ноември 2009 година во Друштво на писателите на Македонија е претставен двоброј (2/3) на Книжевната ревија од Осијек (магазин за книжевност и култура на Огранокот на Матица Хрватска) во целина посветен на современи македонски автори на најмладата и средната генерација.
Во рамките на јубиларниот, 30. филмски фестивал Браќа Манаки, одржан во септември 2009 година прикажан е хрватски филм Метастазе на авторот Бранко Сцхмидт и Драган Руљанчиќ.
При крај на април 2009 година, во скопската катедрала свој настап остварија двајца врвни хрватски музичари, оргулистот д-р Марио Перестеги и трубачот Марин Зокиќ.
Свеченоста на оргулите е надополнета со изложба на постер фотографии – од 20 најпознати, воглавно барокни оргули од околу 700 колку ги има во Хрватска.. Изложбата беше поставена во престижната скопска мултимедијална галерија „Мала станица„.
Април 2009 година беше одбележан со низа гостувања на хрватски творци и интерпрети. Прво со гостувањето на хрватските писатели Ренато Баретиќ и Гордан Нухановиќ, уредник и Круно Локотар, издавач и Наташа Вејновиќ, некогашен лектор за хрватски јазик на Одделот за славистика на скопскиот Филолошки факултет. Гостите од Хрватска успешно ја промовираа современата хрватска литература вклучително и своите сопствени дела.
Од 8 до 14 март 2009 година во Скопје, Штип, Крушево, Битола, Охрид и Струга престојуваше повеќечлена делегација на Градот Ријека и неколку здруженија на Македонци од Ријека. Во таа прилика договорено е неформално зближување на Ријека и Битола.
Истакнатиот хрватски нуклеарен физичар академик проф. д-р Иво Шлаус, во февруари 2009 година во Скопје ја прими членската карта на Македонската академија на науките и уметностите - МАНУ. 
Во Музејот на Македонија на ден 17 декември 2008 година, токму за тој музејски простор, поставена е репрезентативна изложба на археолошки ископини од вучедолската култура „Вучедол – мит кој опстојува„.



Press releases