Прилеп добива сигурно снабдување со електрична енергија за идните 20 години

Прилеп и неговата околина ќе добијат стабилно и сигурно снабдување со електрична енергија во наредните 20 години со модернизацијата на трансформаторската станица „Прилеп 1“ во која МЕПСО вложува 1,1 милиони евра. По тој повод денеска во трансформаторската станица „Прилеп 1“ договор за модернизација склучија Сашо Василевски, генералниот директор на МЕПСО, и Бранислав Лековиќ, претставник на конзорциумот изведувачи „Кончар КЕТ“ од Хрватска и домашната компанија „Елтек“, a беше присутна xрватската амбасадорка Даниела Баришиќ.

Модернизацијата на трафостаницата вклучува промена со нова на високонапонска опрема што е во функција 40 години. Станува збор за вградување на нови прекинувачи, разделници и мерни трансформатори  и нова опрема за контрола и далечинско управување со трафостаницата, нов системи за мерење електрична енергија и нов систем за релејна заштита.

Министерот Сугарески потенцираше дека моденризацијата на оваа трафостаница е од огромно значење за Прилеп и околината, но и повик за сите инвеститори дека градот има квалитетна електроенергетска инфраструктура.

Директорот Василевски изјави дека Прилеп добива сигурно и стабилно снабдување со квалитетна електрична енергија за идните 20 години.

ТС Прилеп 1 претставува централна напојна точка за регионот на северна (горна) Пелагонија и регионот на Мариово. Истата е поврзана на електропреносниот систем преку 110 киловолтни  далекуводи  со трафостаници во Битола и во Кавадарци, а со неа се поврзани и три трафостаници на дистрибутивниот систем преку кој се напојува со електрична енергија градот Прилеп, неговата околина и Мариово.

(izvor: http://www.mtc.gov.mk/prilep-dobiva-sigurno-snabduvanje-so-elektrichna-energija-za-idnite-20-godini)



Press releases