Министерот Салији се сретна со амбасадорот Баришиќ

Министерот за правда г. Билен Салији оствари средба со амбасадорот на Република  Хрватска г-ѓа Данијела Баришиќ.

Министерот истакна дека Министерството за правда е заинтересирана за институционална соработка  во правосудната област.

Амбасадорот   и  посака успех на новата влада  и истакна дека Хрватска како земја членка на ЕУ ќе ја подржи Владата на Република Македонија на патот  кон  исполнувањето на  условите за  зачленување во ЕУ.

Г-ѓа Данијела Баришиќ изрази задоволство  за остварената средба со Министерот за правда во правец на продолжување на  соработката меѓу  надлежните институции.

Министерот Салији се заблагодари  за изразениот интерес  за соработка меѓу Министерството за правда  и  Амбасадата на Република  Хрватска во Република Македонија.

(http://www.pravda.gov.mk/novost_detail.asp?lang=mak&id=1373)



Press releases