Максути домаќин на хрватскиот помошник министер Роман Микулиќ

Заменик министерот за одбрана, Беким Максути денеска во Министерството за одбрана на Република Северна Македонија се сретна со помошник министерот за материјални ресурси, Роман Микулиќ од Министерството за одбрана на Република Хрватска.

Максути најнапред изрази благодарност за неодамнешната ратификација на пристапниот Протокол од страна на Хрватска и за континуираната поддршка која Република Хрватска и ја дава на нашата земја сиот изминат период за членство во НАТО Алијансата.

На средбата се разговараше за повеќе елементи од делот на одбранбениот сектор со акцент на јавните набавки, модернизација и опремување на армиите, при што од хрватската страна беше изразена подготвеност за пренесување на искуства во овие области.

Од страна на помошник министерот Микулиќ беа пренесени честитки за последните достигнувања на Република Северна Македонија и беше реафирмирана долгогодишната одбранбена соработка помеѓу двете Министерства за одбрана.

(izvor: http://www.mod.gov.mk/?mainnews=sredba-maksuti-mikulikj-07-03-2019&lang=mk)



Press releases