Билатералните односи помеѓу Македонија и Хрватска се одлични

Амбасадорот Данијела Баришиќ се сретна со министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски и му ги предаде копиите од акредитивните писма.

На средбата, министерот Попоски и амбасадорот Баришиќ констатираа дека билатералните односи помеѓу двете земји се пријателски и без отворени прашањa, но има простор за понатамошно унапредување на соработката. МНР Попоски истакна дека Република Македонија особено ја цени хрватската поддршка за евроинтегративниот и евроатланскиот процес на Македонија.

Двајцата соговорници разменија мислења и за актуелната ситуација со мигрантите, при што МНР Попоски информираше за предизвиците со кои се соочува Македонија во справувањето со оваа криза како и преземените активности од страна на Владата на Република Македонија.

Амбасадор Баришиќ потврди дека Хрватска е подготвена за давање помош на Македонија и мигрантите.



Press releases