Успешна реализација на твининг проектот “Понатамошно подобрување на системот за внатрешна контрола“

Успешна реализација на твининг проектот “Понатамошно подобрување на системот за внатрешна контрола“, кој беше финансиран од ЕУ а имплементиран во соработка помеѓу Министерството за финансии на Република Хрватска и на Министерството за финансии на Република Северна Македонија. Проектот во износ од 250.000 евра започна на 15 октомври 2018 година и траеше 8 месеци.

Целта на проектот беше подобрување на системот за внатрешна контрола во земјата за да се обезбеди ефикасна раководна одговорност, транспарентност и стабилно финансиско управување со јавните средства во согласност со меѓународните стандарди и најдобрата практика на ЕУ.

Проектните активности беа успешно спроведени. Подготвен е нов Закон за јавна внатрешна финансиска контрола (ЈВФК). Подготвени се нови прирачници и упатства за практично спроведување на финансиското управување и контрола. Спроведени се пилот внатрешни ревизии во три буџетски организации. Подготвена е нова методологија за следење и проверка на квалитетот на воспоставениот систем и организирани обуки за вработените на кои присуствуваа вкупно 528 учесници.

Проектните активности го поддржаа спроведувањето на приоритетите за развој на ЈВФК утврдени во новиот документ за Политики за ЈВФК и Акцискиот план 2019-2021 и Програмата за реформа на управувањето со јавните финансии 2018-2021.

На церемонијата за затворање, на учесниците им се обратија заменик министерката за финансии Ширет Еелези, Паулина Станоева од Делегација на Европската Унија во земјава, и Н.Е. Данијела Баришиќ - вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Хрватска.

Лидерот на проектот на земјата - корисник Г-дин Трајко Спасовски, Министерство за финансии на Република Северна Македонија и лидерот на проектот на земјата-членка г-ѓа Даниела Степиќ, Министерство за финансии на Република Хрватска ги презентираа постигнатите резултати на проектот.

(izvor: https://www.finance.gov.mk/mk/node/8022



Press releases