- Published: 30.08.2019.
Проштална средба со амбасадорката на Република Хрватска
Денеска претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери, оствари проштална средба со амбасадорката на Република Хрватска, г-ѓа Даниела Баришиќ.
На средбата беше изразена благодарност за досегашната соработка и поддршка од пријателската Хрватска. Исто така, двајцата соговорници разговараа за актуелните прашања на Република Северна Македонија. Посебен акцент беше ставен на темата за членството во НАТО, како и за претстојното претседателство на Република Хрватска на Советот на Европската Унија и нивната програма и приоритети.
Претседателот Џафери на почитуваната амбасадорка ѝ посака успешна работа по завршувањето на мандатот во Република Северна Македонија и ѝ беше врачено признание за посветеноста во градењето и продлабочувањето на пријателството помеѓу двете земји.