Претседателот Пендаровски со амбасадорката на Хрватска

Секогаш е задоволство да се разговара со соговорници како што е амбасадорката на Хрватска во заминување, Данијела Баришиќ. Од земјава, како што рече Баришиќ, си заминува исклучиво со позитивни впечатоци и со мислење дека Северна Македонија се движи во вистинскиот правец. Баришиќ изрази верување дека годинава нашата држава ќе добие датум за почеток на преговорите со ЕУ.  Особено во последните две години, била сведок дека Северна Македонија од заробена држава се трансформирала во демократска, земја каде секој може слободно да говори, напиша Претседателот на својот твитер профил.



Press releases