„Претседателот Ахмети: Договорот да се имплементира целосно“

(извор: http://bdi.mk/mk/lajmi.php?id=4460)

Денес во седиштето на Демократската Унија за Интеграција во Тетово, Претедателот Али Ахмети, се сретна со новоименуваната хрватска Амбасадорка, г-ѓа Данијела Баришиќ.

Претседателот Ахмети и хрватската Амбасадорка разговараа околу актуелните политички случувања во Македонија, договорот од 2-ри јуни и преговорите на работните групи како и меѓуетничките односи.

Лидерот Ахмети оцени дека спроведувањето на договорот значи пристап на земјата кон Евро-атлантските стандарди и враќање на политичката и институционалната стабилност, затоа ДУИ го поддржува целосното спроверување.

Претседателот Ахмети ги претстави ставовите на ДУИ во врска со Специјалниот Обвинител како и потребата за законско регулирање на прислушкуваните разговори со цел да се гарантираат фер и еднакви услови за сите учесници во политичкиот процес.

Партиите треба да ги надминат разликите за Специјалниот Обвинител што е можно поскоро и да продолжат со работа во насока на спроведувањето на другите точки на договорот.

Во врска со меѓуетничките односи, Претседателот Ахмети се осврна на разликите со политичките партии за службена употреба на албанскиот јазик и ја истакна потребата за враќање на духот на Охридскиот Договор особено македонските политички партии



Press releases