Договор за меѓусебна соработка

На ден 13.01.2016 во Скопје е склучен договор за соработка меѓу ЈЗУ Институт за јавно здравје на Република Македонија, застапуван од страна на Директор Асс. Д-р. Шабан Мемети и Наставниот завод за јавно здравје “Др. Андрија Штампар “, со седиште во Загреб, претставуван од Генералниот директор Д-р Звонимир Шостар. Со овој договор страните го утврдуваат партнерството и соработката во областа на јавно здравствена медицина, здравствена екологија, епидемиологија, микробиологија, научно истражување и развој,  наставно-едукативни дејности со медицинска пракса.

Овој договор претставува основа за создавањето на Регионалната мрежа за безбедност и квалитет на храната на Југоисточна Европа во која ќе бидат вклучени други земји од регионот кои се членки на ЕУ или кандидати за членство во ЕУ.



Press releases