Продажба на недвижности на странци
Со влегување во сила (25 јули 2006) на Законот за измени и дополненија на Законот за сопственост и други стварни права (Народне Новине бр.79/06), Министерството за надворешни работи и европски интеграции не е повеќе надлежно за решавање на барањата на странските физички и правни лица за давање на согласности за стекнување на право на сопственост на недвижности во Република Хрватска.
Со одредбата од чл. 3 од наведениот Закон одредено е дека ,,странски физички и правни лица можат, ако со закон не е одредено на друг начин, под претпоставка на взаемност, да стекнуваат сопственост над недвижностите на подрачијето на Република Хрватска, ако согласност за тоа даде министерот за правда на Република Хрватска.
Следно на наведените измени, странските физички и правни лица ги упатуваат барањата за давање на согласност за стекнување на право на сопственост на недижностите во Република Хрватска до Министерството за правда на Република Хрватска.
Исто така, сите започнати постапки, кои не се довршени до стапувањето во сила на Законот за измени и дололненија на Законот за сопственост и други стварни права, ќе бидат завршени во Министерството за правда.
Ве упатуваме на страниците на Министерството за правда.