Eкономски односи

Билатерални економски односи

Неодамнешни достигнувања на Билатералните економски односи помеѓу Република Хрватска и Република Македонија  рефлексија се на глобалната економска криза која  на билатерално ниво се рефлектира во намалувањето на надворешнотрговската размена заради што Хрватска како надворешно трговински партнер на Македонија падна од седмото место на десетото место. Освен глобалните рецесиски проблеми како причина за падот на стоковната размена секако влијаат и одредени административни и бирократски пречки со кои се сретнуваат хрватските компании кои работат во Република Македонија. Еден од проблемите е и заштитата на интелектуалната сопственост односно заштитата на сопствени  брендови на македонскиот пазар. Во рамките на Македонско -хрватскиот деловен клуб, со помош на Амбасадата на Република Хрватска во Република Македонија се настојува да се најдат  решенија за одредени деловни проблеми.

Билатералните економски односи помеѓу Република Хрватска и Република Македонија до 2006 година беа втемелени на Договорот за слободна трговија кој таа година беше заменет со новиот мултилатерален меѓународен договор под името ЦЕФТА 2006, а кој по спроведената ратификација од страна на сите членки стапи на сила во 2008 година и на тој начин е создадено единственото царинско подрачје.
Иако самиот договор ЦЕФТА 2006 предвидува постапно и повеќегодишно време на прилагодување  до неговата единствена примена на подрачјето на сите држави членки, веќе сега може да се утврди дека тој договор во значајна мерка одговара за Република Македонија која со својата ефтина работна сила и поволен даночен систем станува интересна за вложување во производни капацитети со што така произведената стока  би можела да се пласира на подрачјето на членките на ЦЕФТА 2006 без царини и други давачки.
Наспроти таквите околности Македонија до сега не успеа да привлече значајни странски инвестиции во производниот сектор од причина што дневните политички околности во значајна мерка влијаат на економското дејствување.  

 



Press releases