- Published: 30.06.2017.
Средба со амбасадорот на Хрватска
Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, го прими вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Хрватска во Република Македонија, Н.Е. Даниела Баришиќ на прва билатерална средба по преземањето на функцијата Министер за надворешни работи на Република Македонија.
Министерот Димитров изрази задоволство од досегашниот развој на билатералните односи меѓу Република Македонија и Република Хрватска на билатерален, регионален и мултилатерален план, со акцент на поддршката што Република Хрватска во континуитет ја упатува на Република Македонија, за нејзино целосно европско и евроатланско интегрирање. Воедно, изрази уверување за натамошно унапредување на позитивниот тренд на соработка во сите области од заемен интерес.
Министерот Димитров упати честитки за успешното финализирање на хрватското претседавање со ПСЈИЕ, нагласувајќи дека Република Македонија активно е вклучена и во завршните активности на Претседавањето, потврдено со неговото учество на завршниот Самит, МС-Дубровник 30.6.2017.
Соговорниците разменија мислења и за актуелните состојби во двете земји, како и за актуелните регионални и меѓународни случувања.