Средба на министерот Манчевски со амбасадорката Баришиќ

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, денеска оствари средба со амбасадорката на Република Хрватска Данијела Баришиќ.

На средбата се разговараше за реформите во медиумската сфера и отвореноста на министерството да ги вклучи сите релевантни фактори во предлог законските измени. Амбасадорката Баришиќ ја поздрави иницијативата и ја потенцираше важноста од отворениот дијалог за ова прашање.

Министерот Манчевски ги претстави и останатите проекти на кои во моментов работи министерството. Се осврна на Централниот регистар, концептот на отворена влада и реформите во јавната администрација.

Амбасадата на Хрватска е на располагање за споделување на позитивни искуства од овие области со цел креирање на поефикасна и подостапна администрација до сите граѓани.

(http://www.mioa.gov.mk/?q=node/4416)



Press releases