Свечена церемонија за доделување на WE MAKE награди

Во Скопје се одржува Свечен завршен настан со Церемонија за доделување на WE MAKE награди, во рамки на проектот „WE MAKE: Женско претприемништво за конкурентност“, финансиран од Европската Унија, спроведуван од ГТФ Иницијативата за одржлив раст од Хрватска, заедно со Здружението на бизнис жени од Република Македонија.

На настанот ќе се презентираат реализираните активности и постигнати резултати, за појасна слика за важноста на проектот „WE MAKE: Женско претприемништво за конкурентност“ за развојот на женското претприемништво. После поздравното обраќање на претставниците на организациите имплементатори на проекто, ќе се обратат и претставници од Делегацијата на Европската Унија, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за економија, како и од Генерален секретеријат на Влада на Република Северна Македонија. Своите искуства и препораки ќе ги споделат локалните координаторки на проектот WE MAKE, а потоа следи Свечениот дел – Церемонијата за доделување на WE MAKE награди за најуспешните жени претприемачки, во 9-те категории:

•Start up компанија

•Иновативна компанија

•Агро бизнис

•ИКТ и СТЕМ

•Зелена економија

•Експорт

•Компанија со најголем успех основана од млади (до 30 години)

•Компанија со најголем успех во изминатата година

•Социјало претпријатие

Проектот „WE MAKE: Женско претприемништво за конкурентност“, финансиран од Европската Унија, преку ИПА програмата, имаше успешна имплементација  во целата 2018 година, сè до април 2019, при што поттикна многу млади девојки и жени, да размислуваат поинаку, да зборуваат гласно за нивните интереси и амбиции, да ги срушат сите предрасуди и стереотипи во поглед на можностите и економската позиција.

Во рамки на „WE MAKE: Женско претприемништво за конкурентност“, кој се реализираше во осумте плански региони, организациите спроведувачи, ГТФ Иницијативата за одржлив раст од Хрватска и Здружението на бизнис жени, активно спроведуваа голем број на активности, во повеќе модули и фази. Вклучени беа членките и поддржувачите на Здружението на бизнис жени, во соработка со постоечки и нови општествени партнерства, заедно со сите релевантни и засегнати чинители, сè со цел да се подобрат можностите на младите жени и девојки, во ИKТ и СТЕМ секторот, како и во зелената економија и социјалното претприемништво, за извоз и поврзување на компаниите во сопственост на жени, во кластер за женско претприемништво. За подобра реализација на терен, со проектот беа ангажирани 8 локални координаторки, кои директно, во непосреден контак со локалните институции, организации, НВО и бизнис секторот, како и жените и девојките, обезбедуваа одлично пренесување на информациите, мобилизирање на потребните учеснички, поттикнувајќи ги и мотивирајќи ги да се вклучат и да се здобијато со придобивките од проектните активности.

Одзивот и приемот беа одлични, на национално ниво, а за тоа повеќе зборуваат бројките на реализираните настани и обуки, и бројките на опфатени учеснички, нивните впечатоци и променети ставови во однос на претприемништво, кариререн раст и поттикнати амбиции.

Во периодот март-мај, 2018 год., се одржаа воведни и промотивни настани во сите 8 плански региони, во присуство на повеќе од 650 учесници и поддржувачи. Во јуни 2018 прво се одржа тридневна ТоТ (train the trainer) работилница, со која осумте локални координаторки беа обучени за реализирање на обуки за старт-ап, бизнис и занаети, како и упатени во спецификите на следните обуки и нивната содржина. Потоа, исто така во Јуни 2019 год, се реализираа 9 работилници за старт-ап, занаети и претприемништво, на македонски и албански јазик, со кои беа опфатени повеќе од 200 жени и девојки. Во септември и октомври, 2018 год се одржаа 8 работилници и кампањи за промовирање на кодирање и ИКТ технологии, на македонски и албански јазик, за младите девојки од средните училишта, како и 8 работилници за СТЕМ и ИКТ во претприемништвото за жени и девојки, претприемачки или заинтересирани за воспоставување на сопствен бизнис. Потоа следеше реализација на петдневен камп за кодирање за жени и девојки, кој се одржа во Струга, со учество на 10 кандидатки, од претпходно реализираните работилници. Со овие 16 обуки и кампот за кодирање, беа опфатени повеќе од 350 жени и девојки, од кои дел веднаш се вклучија во здружението како редовни членки, и се заинтересирани за вмрежување и учество во сите идни активности. Потоа, во октомври и ноември, 2018 год. следеа 8 работилници за Зелена економија и Социјално претприемништво, со кои беа опфатени повеќе од 130 девојки и жени.

Следно, како заокружување на едукативниот аспект на проектот беа тридневниот бут-камп за иновации и тридневната работилница за кластери. Бут-кампот за иновации се одржа во Февруари 2019 год., со присуство на најуспешните учеснички од реализираните циклуси на обуки, успешни жени претприемачки како пример за добри практики и можност за вмрежување, експерт за иновации и претставници од партнерската организација од Хрватска.

Додека пак работилницата за кластери, се одржа во Март 2019 год., со присуство на жени претприемачлки заинтересирани за извоз и вмрежување, со присуство на ангажирани четири регионални експерти за извоз и кластери, од Грција, Бугарија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, претседадателнките на кластерите за текстил и туризам, како и претставнички од Министерството за економија и од партнерската организација од Хрватска. Во едукативниот дел, се реализираа и 3 работилници за организациско јакнење на капацитетите на Здружението на бизнис жени, кои се одржаа во Јануари и Февруари, 2019 год. Со сето тоа се достигна одлична бројка на реализирани 40 едукативни настани, со опфат од 800 жени и девојки, во сите 8 плански региони.

Паралелно, се одржаа и 8 округли маси со сите релевантни стејкхолдери, во сите плански региони и 4 состаноци на Платформата за женско претприемништво. Повеќе од 300 претставници од општините, институциите, локалните и регионалните тела, локалните и националните граѓански организации и бизнис заедницата, дискутираа за важноста на учеството на жените во претприемништвото, економската стабилност, моменталната состојба на локално ниво и можностите за поддршка и јакнење на женското претприемништво. На одржаните 8 подготвителни состаноци за кластери во 8те плански региони, како и 3 состаноци за ланци за снабдување, кластерско поврзување и извоз, беа присутни повеќе од 100 жени претприемачки заинтересирани за извоз и вмрежување. Во правец на развивање и основање на национален кластер за женско претприемништво, беше реализираната студиска посета на Хрватска, во август 2018, со делегација на жени претприемачки, за непосредно порвзување и увид во примерот и моделот на кластерското поврзување на женските бизниси  во Хрватска.

Сепак проектот WE MAKE имаше и пошироки рамки. Снимени се 8 кратки филма со успешни жени претприемачки, за да се прикажат добри практики преку модели на веќе искусни жени претприемачки, кои со својата успешна приказна ќе мотивираат поголем број на жени да се осмелат да го направат првиот чекор и да влезат во светот на бизнисот. Креирана и активирана е WE MAKE веб платформа, предвидена за вмрежување, промоција и полесна соработка на жените претприемачки, со можност да отворат свој профил преку кој ќе можат да се промовираат, но и да пристапат до базата на жени претприемачки, ментори, консултанти, онлајн обуки, и сите споделени информации и тековни активности.

Здружението на бизнис жени, и по завршеток на проектот, продолжува со понатамошни активности за економско јакнење на жените, нивно поврзување и промоција на женското претпримеништво, во согласност со Визијата и Мисијата на здружението, како и со изготвената и усвоена национална Стратегија за развој на ЖП 2019-2023.

Граѓанското општество за целото време на имплементација имаше директен пристап до информации за проектните цели и активности, за новите улоги на жените и девојките во современата конкурентна економија  и поконкретно за Стратегијата за развој на женско претприемништво.

(izvor: https://wemake.mk/blog/)



Press releases