Министерот за надворешни работи, Никола Димитров денес оствари проштална средба со амбасадорката на Република Хрватска во Република Северна Македонија, Даниела Баришиќ. „Благодарани сме на пријателството, ентузијазмот, искреноста и посветениот однос кон нас.“ – истакна МНР Димитров, посакувајќи и’ на амбасадорката Баришиќ среќа и успех во следните професионални предизвици. Истовремено, министерот Димитров се заблагодари за силната и безрезервна поддршка што во континуитет е упатувана од Република Хрватска за европските и евро-атлантските интегративни процеси на Република Северна Македонија, дотолку повеќе што токму Хрватска беше меѓу првите земји-членки кои го ратификуваа пристапниот Протокол за НАТО.

На средбата, на амбасадорката Баришиќ и’ беше врачена благодарница за нејзината посветеност и придонес во продлабочувањето на македонско - хрватското пријателство.

(izvor: http://mfa.gov.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=3184:proshtalna-sredba-na-mnr-nikola-dimitrov-so-ambasadorkata-na-republika-hrvatska-daniela-barishikj&catid=52:soopstenija-do-javnosta&Itemid=684&lang=mk)

Press releases