Ministarstvo vanjskih i europskih poslova

Царинската управа одбележува 27-годишнината од своето формирање

<p style="text-align: justify;"> По повод 14-ти Април, денот Царината, денеска во просториите на Националната филхармонија во Скопје се одржа традиционалната свечена церемонија на која&nbsp; присуствуваа високи претставници на Владата на Република Северна Македонија, претставници на дипломатскиот кор, бизнис заедницата и други соработници на Царинската управа. Свечениот настан, по повод празникот,&nbsp;&nbsp; го отвори претседателот на Владата на Република Северна Македонија г-дин Зоран Заев кој истакна дека одбележувањето на овој ден е значаен за нашата држава и за граѓаните, бидејќи Царинската управа и царинските работници се првиот контакт со земјата - тие се лицето на Република Северна Македонија, а царинското работење е поттик и важен предуслов за унапредување на меѓународната трговија на земјата.</p> <p style="text-align: justify;"> Традиционално, на денот на Царината беше искажана благодарност на институции и поединци кои со својата работа дадоа придонес за успешната работа на Царинската управа и поддршка на реформите во царинското работење. Босиљко Злопашa, помошник-директор на Царинската управа на Република Хрватска доби специјално признание за неговиот извонреден придонес во развојот на македонската царинска служба и долгорочна соработка и учество во проекти.</p>

Press releases