Ministarstvo vanjskih i europskih poslova

Апостолска: Пред бизнисот отворивме економски перспективи кои ветуваат стабилна деловна клима и силна институционална поддршка

Министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска денес во рамки на првиот „Светски конгрес на претприемачи“, кој се одржува во Загреб, пред учесниците имаше обраќање во кое се осврна на економските политики на Владата на Република Македонија за поддршка на инвестициите.

Зборувајќи за процесите на политичкото стабилизирање на државата преку посветеноста на Владата за реализација на стратегиските приоритети за влез во НАТО и започнување на преговори со ЕУ, министерката Апостолска истакна дека Македонија прерасна во функционална држава на владеењето на правото и европските вредности.

„Турбуленциите и неизвесноста ги оставивме зад нас, во историјата, а пред граѓаните и бизнисот отворивме економски перспективи кои ветуваат стабилна деловна клима и силна институционална поддршка за секоја претприемачка идеја која е втемелена на знаењето, иновациите и новите технологии“, рече Апостолска.

Осврнувајќи се на владините економски политики за поддршка и поттикнување на инвестициите преку Планот за економски раст и Законот за финансиска поддршка на инвестициите, Апостолска пред присутните претприемачи потенцираше дека државата на транспарентен начин, согласно јасни критериуми и без преговарања, со директна финансиска поддршка ги мотивира претприемачите да влегуваат во нови инвестициски проекти.

„Во рамки на овој сет на мерки, компаниите кои ќе одлучат да инвестираат во Македонија може да очекуваат финансиска поддршка за креирање на нови и добро платени работни места, за воспоставување на деловна соработка помеѓу домашните и странските компании, воведување на нови технологии и знаење во производните процеси и развој на отворање центри за развој на технологии, како и за поттикнување на конкурентноста и освојување на нови пазари“, рече Апостолска, притоа порачувајќи пред присутните дека за 37% е повисока буџетската финансиската поддршка која стопанството може да ја очекува од Владата во 2019 година.

Говорејќи за севкупната деловна клима во Македонија министерката Апостолска во своето обраќање се осврна и на владините приоритети во делот на инфраструктурата, енергетиката и програмите за дуално образование, кои се едни од главните услови за обезбедување на атрактивни и стабилни инвестиции.

На овогодишниот прв „Светски конгрес на претприемачи“, кој се одржува од 4 до 7 декември во Загреб, партиципираат над 600 учесници, сопственици на компании, претприемачи, менаџери, политичари, претставници на академската средина од десетина земји од југоисточна и средна Европа.

Press releases