Ministarstvo vanjskih i europskih poslova

Средба на НГШ на АРМ со амбасадорот и одбранбеното аташе на Република Хрватска во Република Македонија

Началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски, оствари средба со амбасадорот на Република Хрватска во Република Македонија, Н.Е Даниела Баригиќ, во придружба на одбранбеното аташе полковник Маријана Плеша Чадониќ.

Продлабочување на меѓусебната воена соработка со размена на искуствата во полето на военото воздухопловство и противвоздушна одбрана, обука и военото образование, можностите за користење на капацитетите на АП„ Криволак“ и Центарот за обука на пилоти беа дел од темите на кои се разговараше во текот на средбата.

Генералот Ѓурчиновски, на денешната средба изрази благодарност за досегашната одлична воена соработка во полето на военото образование, при што припадниците на АРМ во континуитет се образуваат на воено-образовните институции во Република Хрватска.

Република Македонија и Република Хрватска, соработката на во областа на одбраната ја интензивираат во 2000 година, при што особено се истакнуваат заедничките ангажмани во рамките на регионалните иницијативи како САД - Јадранската Повелба (А-5) и процесот СЕДМ.

(Izvor: http://www.arm.mil.mk/vesti/pocetna/2018/09/hrvatski_ambasador_atase.html)

Press releases