Ministarstvo vanjskih i europskih poslova

Oдбележан Денот на Европа

<p style="text-align: justify;"> Денеска под покровителство на Општина Куманово и Европското движење во Р.М. со богата програма беше одбележан Денот на Европа во Куманово.По тој повод, Градоначалникот Максим Димитриевски имаше средба со амбасадорите на Франција, Италија, Шпанија и Хрватска во просториите на општината, а подоцна се упатија на улицата &bdquo;Тоде Мендол&ldquo; каде што беа засадени садници.</p> <p style="text-align: justify;"> Делегациите на амбасадорите и градоначалникот Максим Димитриевски присуствуваа на Квиз за ЕУ, организиран од средните училишта во Куманово. Учениците од основните и средните училишта во општината приредија музички хепенинг на плоштадот каде што беа поставени и штандовите за промоција на државите од Европа.</p> <p style="text-align: justify;"> По повод одбележувањето на Денот на Европа се одржа трибина со наслов &bdquo;70 години од Хашката конференција&bdquo; на која покрај Градоначалникот и Претседателот на Советот на Општина Куманово,амбасадорите, учество зедоа и советниците, невладините организации од Куманово,&nbsp; претставници од основните и средните училишта, јаните устави, претпријатија и граѓани.</p>

Press releases