<p style="text-align: justify;">
Во рамките на активностите на Дипломатскиот Форум на Факултет за безбедност при Универзитет Св.Климент Охридски-Битола, на 20.3.2018, во 11 часот во големиот Амфитеатар, гостин ни беше амбасадорката на Република Хрватска, г-ѓа Данијела Баришиќ. Темата на нејзиното предавање беше „Евроатлантските интеграции: процесот на пристапување и членството во ЕУ и HATO“. По предавањето се отвори жива дискусија за неколку прашања поставени од професорите и студентите на Факултетот вклучително и околу реформите на безбедностниот сектор во Република Хрватска, Словенечко-Хрватските односи околу спорот за Пирански залив, емиграцијата како предизвик по пристапот во членство на ЕУ и други. По дискусијата деканот на Факултет за безбедност проф.д-р Никола Дујовски и врачи благодарница на Амбасадорката.</p>
<p>
(Izvor: <a href="http://www.fb.uklo.edu.mk/faces/ACTIVITIES/activityview.xhtml?id=292">http://www.fb.uklo.edu.mk/faces/ACTIVITIES/activityview.xhtml?id=292</a>)</p>
Press releases