Ministarstvo vanjskih i europskih poslova

Tрибината „Родови перспективи во одбраната“

Потребни се повеќе жени во Армијата. За тоа да се случи треба да направиме се да се чувствуваат добредојдени, а не како исклучок од правилото. Во тој дел како министерка за одбрана имам посебна одговорност. Во Министерството за одбрана  работиме на ново упатство на пријавување на вознемирување. Сите Армии се доминантно машки средини, строго хиерархиски поставени, средина во која дискриминацијата и сексуалното и друго вознемирување на работното место полесно се случува. Создаваме сериозен систем за пријавување на вознемирувањето и дискриминацијата, преку канали каде што тоа ќе може да се пријави без страв. Оној кој така се однесува ќе одговара. Имаме нула толеранција за ваквите појави кои ни ја осакатуваат Армијата, администрацијата и ни ги губат најквалитетните кадри – рече министерката за одбрана Радмила Шекеринска на трибината „Родови перспективи во одбраната“, која ја организираше Министерството за одбрана.

На почетокот на трибината беше објавена видео порака која за овој повод ја испрати заменичката на генералниот секретар на НАТО, Роуз Готемелер. Во пораката таа потенцираше дека жените се катализатор за мирно решавање на конфликти.

„Сакаме НАТО да биде глобален лидер за еднакви права и еднакво учество на жените. Знам дека и вие сте посветени на тоа, и би сакала да и оддадам признание на вицепремиерката Шекеринска и нејзиниот тим за нивната работата во оваа област. Ви благодариме и имајте одличен Меѓународен ден на жената“ – порача Готемелер.

Трибината ја отвори постојаната координаторка на ОН и постојана претставничка на Програмата за развој на ОН (UNDP) во Македонија, Луиза Винтон која потенцираше дека во Македонија има напредок во унапредување на правата на жените, родовата рамноправност, дека гледа се поголемиот број на жени кои се дел од одбранбените сили и додаде дека жените во одбраната не се товар, туку одлична можност која може да даде особен придонес во одбранбените системи.

Беше презентирано и видео со неколку припаднички на Армијата на Република Македонија, кои зборуваа за својот пат кон успешна кариера.

Потпретседателката на Собранието на РМ, Фросина Ташевска Ременски во своето излагање изрази задоволство што на Воената академија се пријавуваат се поголем број на жени и дека се надева дека во блиска иднина ќе ја имаме првата жена-генерал во редовите на Армијата на Република Македонија. Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска рече дека веќе се работи на подобрување и унапредување на законската регулатива во насока на надминување на проблемите со кои се соочуваат жените, но и мажите во Република Македонија, не само на  своите работни места туку и во секоја сфера каде се забележани појави на дискриминација. Заменикот на претседателот на Владата на РМ задолжен за европски прашања Бујар Османи истакна дека прогресот  на една земја е во поголемата инклузивност на жените. „Колку е поголема неинклузивноста на жените толку е поголем потенцијалот во една држава да се случи насилство“ рече Османи. Амбасадорката на Република Хрватска во Република Македонија, Данијела Баришиќ кажа дека и е мило што овде во Македонија заедно со неа е првата хрватска жена одбранбено аташе. Истовремено додаде дека е потребно повеќе да се работи на имплементација на акцискиот план кој е донесен врз основ на Резолуцијата 1235 на ОН, унапредување на положбата на жените во одбраната и безбедноста.

Целта на денешната трибина беше да се подигне свеста за состојбата на жената во одбраната, со акцент на идните конкретни чекори и политики кои ќе се преземат во однос на предизвиците на жените професионалци во одбраната.

http://morm.gov.mk/?mainnews=tribina-rodovi-perspektivi-vo-odbranata-08-03-2018&lang=mk

Press releases