Ministarstvo vanjskih i europskih poslova

Македонија во НАТО: Задачи, предизвици и можности

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, Амбасадорката на Република Хрватска, Данијела Баришиќ, Националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски и политичкиот аналитичар, д-р Сашо Орданоски вчера говореа на панел дискусијата „Членството на Република Македонија во НАТО: Задачи, предизвици и можности“.

„Анализите на јавното мислење покажуваат дека граѓаните на Македонија немаат многу информации што точно значи НАТО. Тие интиутивно го имаат својот став за членството на Македонија во НАТО. Дел од тие впечатоци се базираат на бројки“, истакна министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, одговарајќи на прашањата кои се однесуваат на задачите кои треба да се завршат во процесот на зачленувањето на Македонија во НАТО, дали спроведувањето на активностите во рамките на процесот гарантираат транспарентност на институциите и почитување на човековите права и слободи, како и на предизвиците и можностите кои се отвораат во овој процес.

„Јас се согласувам со министерката Радмила Шекеринска кога зборува за синергијата на ЕУ и НАТО. ЕУ и НАТО се две страни на една монета. Процесот на нашето прилагодување е еднакво важен колку и самото членство. Важно е законот да се однесува на сите“, рече амбасадорката на Република Хрватска, Данијела Баришиќ.

Таа го сподели искуството на Хрватска од приемот и членството во НАТО и порача дека процесот може да трае подолго од очекувањата и посочи примери како до поголема поддршка од граѓаните за влез во алијансата.

„Ние во тој процес на прилагодување кон ЕУ и НАТО гледавме начин како да ги зајакнеме нашите државни институции, беше многу важно законот да се однесува еднакво на сите, а не за едни да важи во позитивна смисла, а другите да не се во толку добра положба. Ние на тој начин го третиравме членството во ЕУ и НАТО“, вели Баришиќ.

„Ако земеме во предвид дека до скоро време процентот на поддршка беше 92-98 проценти, тоа значи дека граѓанките и граѓаните не се запознаени. Во последните години процентот е драстично опаднат. Нема повисок процент на поддршка во светот од Македонија, а тоа значи дека на луѓето им се пласираат лоши и неточни информации. Претходната власт правеше хистерична кампања против Алијансата“, истакна Стево Пендаровски.

Преку аналогија на односите меѓу Германија и Франција, Сашо Орданоски всушност ја истакна потребата од решавање на односите меѓу Македонија и Грција, како еден од условите за членство во НАТО и ЕУ.

Орданоски излезе со предлог до македонската влада да се обидат со Грците во Солун да отворат канцеларија за соработка на млади. „Таквата канцеларија меѓу Франција и Германија постигна фантастични успеси“, вели Орданоски.

„Стотици илјади млади луѓе поминаа низ таа канцеларија за да надминат многу потешка историја од оваа што ние сега ја имаме со Грција“, додава тој.

„Ниту една голема одлука не е донесена врз база на анкети. Баталете анкети. На крајот политичката класа презема ризик, како што го преземаа Аденауер и Де Гол, но неспорно е дека тие имаат една визионерска енергија во себе и резултат којшто се гледа на среден и на долг рок“, заклучи Орданоски.

Панелист(к)ите одговорија и на прашањата за тоа дали ризикот од тероризам ќе се зголеми или ќе се намали, како и на тоа колку членството во НАТО ќе придонесе кон јакнење на политичката стабилност и демократијата. Во текот на денот, ЦИВИЛ Медиа ќе ги објави нивните ставови во врска со овие прашања, како и одговорите на прашањата од присутните гости и новинари.

Дискусијата ја водеше претседателот на ЦИВИЛ – Центар за слобода Џабир Дерала.

(https://civilmedia.mk/makdonia-vo-nato-zadatchi-prdizvizi-i-mozhnosti/)

Press releases