Ministarstvo vanjskih i europskih poslova

Mладинскиот дијалог за промоција на демократските процеси

Започнувајќи од јуни 2016, ЕАСМ работеше на истражувачки проект насловен: "Зајакнување на младинскиотдијалог за промоција на демократските процеси во духот на евро-атлантските интеграции".

Целиот проект вклучуваше истражување (кое се состоеше од теренски и онлајн анкети) и организирање на 4 работилници во четири градови во Македонија заедно со финална конференција во Скопје со цел да се промовираат резултатите од проектот и да се поттикне јавна дискусија за овие важни прашања.

Првата работилница која беше организирана како тркалезна маса се одржа на 12 октомври 2017 година (четврток) со почеток во 11.00 часот во просториите на Државниот универзитет во Тетово. На настанот присуствуваа околу 50 студенти и професори и новинари од регионот.

Продеканот на Правниот факултет при Државниот универзитет во Тетово д-р Јусуф Зејнели го отвори настанот и ја истакна важноста од спроведувањето на вакви проекти. Координаторот на проектот, г. Илија Џугуманов ги истакна целите и задачите на проектот.

По презентацијата на резултатите од истражувањето, г. Исмет Рамадани, претседател на АТА Македонија, истакна дека младите имаат значајно влијание во демократските процеси, но според него, ако ги земеме предвид резултатите на проектот, тие не се вклучени во процесите поврзани со интеграциите. Тој истакна дека треба да работиме заедно и да преземеме заеднички напори со институциите и да им помогнеме на младите луѓе во Македонија да ги апсорбираат вештините и демократските вредности, но исто така да бидат свесни за своите можности.

Заменик министерот за одбрана, д-р Беким Максути, ја поздрави иницијативата, истакнувајќи дека младите луѓе се прогресивна сила за секоја идеја, иницијатива и демократски процес. Тој ја истакна важноста да се работи на мотивирање на младите луѓе да бидат свесни за нивните можности и да го остварат својот целосен потенцијал во Македонија и да не бараат можности во странство. Тој рече дека проактивниот пристап за обезбедување на подобри можности е од витално значење за НАТО и ЕУ интеграциите. Тој, исто така, истакна дека НАТО не се занимава само со воени прашања, туку е организација која се залага за развој на науката, образованието и придонесува за справување со елементарни катастрофи и промовира вредности за мир и стабилност.

H.E. Амбасадор г-ѓа Даниела Баришиќ истакна дека нејзината земја ја поддржува Македонија на патот кон членство во евро-атлантското семејство, бидејќи ги разбира потребите и предизвиците на Македонија во овој процес. Таа го сподели хрватското искуство и својот пат кон интеграцијата во НАТО. Таа го поздрави новиот ентузијазам и посветеност на новата влада за спроведување на реформите, не само во одбранбениот сектор, и апелираше за поголем ангажман во иднина.

Г-дин Марко Чеховин, цивилен советник во НАТО центарот во Скопје, истакна дека дијалогот меѓу младите е возможен само со образование без поделби по етничките линии. Тој рече дека младите се иднината на економската благосостојба и подготвеноста за реформи.

Г-дин Алберт Муслиу, политички аналитичар, во својот говор рече дека Македонија треба да работи на охрабрување на младите луѓе да соработуваат. Тој рече дека граѓанското општество во Македонија не е толку силно како што треба да биде и дека младите треба да се вклучат во овие процеси како креативна и енергична сила.

Проектот е поддржан од програмата Цивика мобилитас.

(http://atamacedonia.org.mk/mk/media-centar/vesti/477-prva-rabotilnica-tetovo)

Press releases