Ministarstvo vanjskih i europskih poslova

Хрватска има интерес за побрза интеграција на регионот во ЕУ

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денес оствари средба со Амбасадорката на Република Хрватска, Данијела Баришиќ.

На средбата Османи ја информираше Амбасадорката Баришиќ за Планот 3-6-9 што беше презентиран вчера за прв пат во јавност, а во кој се нотирани реформските приоритети на Владата за откочување на евроинтегративните процеси. „Имаме реформска Влада, која уште од самиот почеток се посвети на спроведувањето реформи и прифаќање на сите забелешки и препораки од страна на Европската Унија и релевантните документи кои ги нотираат состојбите во Македонија“, истакна Османи.

Тој направи и осврт на меѓусебната соработка, потсетувајќи на многубројни активности за размена на искуства меѓу двете земји, од кои како една од најзначајните го оцени неодамнешниот твининг проект за зајакнување на механизмите за ЕУ координација. Исто така, во духот на долготрајното пријателство, Османи побара и поддршка од Хрватска за европските аспирации на Република Македонија.

„Хрватска, како земја-членка на ЕУ и земја од регионот, има посебен интерес од зачленувањето на земјите од Западен Балкан во ЕУ, а како наш пријател, очекуваме да биде земја–лобист за македонските евроитегративни процеси, внатре во Европската унија“, истакна Вицепремиерот Османи

На крајот од средбата, соговорниците се согласија дека соработката меѓу двете земји е пријателска, но и дека треба да продолжи со поголем интензитет. Хрватска, како најнова земја-членка на ЕУ има најсвежо искуство во процесот на преговарање со Унијата, нешто што може да ѝ биде од голема помош на Република Македонија.

(http://www.sep.gov.mk/content/?ID=2099#.WV-T3k-weUk)

Press releases