На свеченоста по повод предавањето на акредитивните писма претседателот Иванов ја нагласи сестраната соработка меѓу двете земји и констатираше дека постои јасно изразена волја за интензивирање на економската соработка и трговската размена. Претседателот Иванов изрази задоволство и од соработката кои двете земји ја имаат и на мултилатерален план за што е доказ редовната меѓусебна поддршка.

„Во целиот регион сè уште има сериозни предизвици, чиишто извори се од минатото. Нема друга одржлива сила што неповратно ќе го стабилизира Балканот и ќе донесе траен мир, освен евроатлантските интеграции„ кажа претседателот Иванов и додаде дека, како и досега, „Македонија, на тој пат, очекува од Република Хрватска уште позасилена поддршка".

Новоименуваниот амбасадор Данијела Баришиќ истакна дека заеднички интерес како на ЕУ така и на земјите од регионот е трајна стабилност и безбедност, а процесот на евро атлантските интеграции и конечно членство во нив е најдобра гаранција за постигнување на стабилност".

„Хрватска, како и досега, ќе биде подготвена да ги подржува напорите на Македонија на нејзиниот евро атлантскиот пат и тоа не како патрон, туку како партнер„ истакна амбасадорката и додаде дека Хрватска е подготвена да помогне и во решавање на кризата со мигрантите со која се соочи Македонија.

Press releases