<p style="text-align: justify;">
Амбасадорот Данијела Баришиќ се сретна со министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски и му ги предаде копиите од акредитивните писма.</p>
<p style="text-align: justify;">
На средбата, министерот Попоски и амбасадорот Баришиќ констатираа дека билатералните односи помеѓу двете земји се пријателски и без отворени прашањa, но има простор за понатамошно унапредување на соработката. МНР Попоски истакна дека Република Македонија особено ја цени хрватската поддршка за евроинтегративниот и евроатланскиот процес на Македонија.</p>
<p style="text-align: justify;">
Двајцата соговорници разменија мислења и за актуелната ситуација со мигрантите, при што МНР Попоски информираше за предизвиците со кои се соочува Македонија во справувањето со оваа криза како и преземените активности од страна на Владата на Република Македонија.</p>
<p style="text-align: justify;">
Амбасадор Баришиќ потврди дека Хрватска е подготвена за давање помош на Македонија и мигрантите.</p>
Press releases