Ministarstvo vanjskih i europskih poslova

Билатерални односи - Републикa Хрватскa и Републикa Македонијa

Билатерални односи -  Републикa Хрватскa и Републикa Македонијa

Негувањето на сестрани пријателски односи помеѓу Република Хрватска и Република Македонија е специфично и по јавно деклариран интерес на  двете држави за нивно одвоено полноправно членство во евроатланските интеграции и затоа билатералните политички односи се одвиваат со нескриена заемна поддршка и размена на искуствата во врска со нивниот пат кон НАТО и ЕУ.  Со други зборови, иста долгорочна цел на РХ и на РМ ги одбележува сите официјални посети на највисоко ниво, и богата соработка во ресорните комуникации при што Република Хрватска ја охрабрува Република Македонија во зајакнувањето на трајната толерантна и демократска атмосфера, во согласност со европските стандарди.

За тоа сведочи и податокот за присуството на претседателот Иванов на инаугурацијата на третиот хрватски претседател Иво Јосиповиќ, а исто така и фактот дека во 2009-та година е остварен најголем број на меѓусебни посети на највисоките државни должносници на двете земји од прогласувањето на самостојноста на Република Хрватска и на Република Македонија. Истата година сега веќе бившиот претседател Стјепан Месиќ два пати официјално ја посетил Република Македонија, а македонскиот претседател Ѓорге Иванов токму Република Хрватска ја избрал за негова прва официјална посета на странска држава.   

Истата година во официјална посета на Република Македонија престојуваше и претседателот на македонското Собрание Трајко Вељаноски, а претседателката на Владата на Република Хрватска Јадранка Косор, во ноември 2009 година официјално ја посети Република Македонија. Кога на тоа ќе се придодадат и интензивната соработка и меѓусебните посети на Одборите за Европски интеграции на двата парламенти и многубројните средби на министерското ниво остварени во Скопје и во Загреб, јасно е дека оценката - успешна политичка соработка има свое фактичко оправдување.

На ден 27 јануари 2009 во Скопје по прв пат се сретна и Мешовитата комисија на Република Хрватска и Република Македонија за спроведување на Спогодбата за заштита на правата на македонското малцинство во Република Хрватска и хрватското малцинство во Република Македонија со што е покрената имплементација на тој важен документ кој е потпишан во 2007 година, а во тек на 2008 година е ратификуван од страна на двата парламента.  Иако македонската Влада по прв пат додели финансиската помош на Заедницата на Хрватите во Република Македонија при крајот на 2009 година, нивниот статус е сепак неспоредливо послаб од статусот на Македонците во Хрватска. Затоа малцинското прашање ќе биде и понатаму предмет на билатерални преговори.
Министерот за култура на Република Хрватска, м-р сц. Божо Бишкупиќ на 19 јануари 2009 година престојуваше во еднодневна посета на Република Македонија. По тој повод министерот и негова македонска колешка м-р сц. Елизабета Канческа Милеска потпишаа Програма за соработка помеѓу Министерството за култура на Република Хрватска и Република Македонија за тригодишен период 2009 - 2011.

Службената посета на г. Лука Бебиќ, претседател на Хрватскиот Сабор на Република Македонија е реализирана на 17 и 18 март 2008 година. Посетата уследи пет години по последната посета на Златко Томчиќ, поранешен претседател на Саборот на Република Хрватска. Претседателот Бебиќ ја пренесе силната поддршка на Република Хрватска насочена кон македонските НАТО и ЕУ интеграциски напори. Организирани се средби со највисоките државни должносници: домаќинот Љубиша Георгијевски, претседател на Собранието; Бранко Црвенковски, претседател на Република Македонија; Никола Груевски, премиер на РМ и министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски. Организирани се и официјални средби со претставниците на Католичката црква во резиденцијата на д-р Киро Стојанов, скопски бискуп и апостолски егзарх, како и со претставниците на Заедницата на Хрватите во Република Македонија.

  • На ден 30 септември и 1 октомври 2008 година во службена посета на Република Македонија беше министерот за надворешни работи на Република Хрватска г. Гордан Јандроковиќ. Првиот ден на посетата министерот Јандроковиќ оствари средба со претседателот Бранко Црвенковски, го посети Здружението на Хрватите во Република Македонија и одржа говор на Македонско-хрватскиот деловен форум.
    Вториот ден ги одржа средбите со македонскиот министер за надворешни работи, Антонио Милошоски, со претседателот на Собранието- Трајко Вељаноски, со членовите на Одборот за надворешна политика и Одборот за европски интеграции, со премиерот Никола Груевски и со заменик претседателот за европски интеграции Ивица Боцевски.
  • Службена посета на претседателот на Македонија г. Бранко Црвенковски на Република Хрватска. Посетата е реализирана на ден 6 и 7 ноември 2008 година. Претседателот Црвенковски службено се сретна со својот домаќин претседателот Стјепан Месиќ, премиерот д-р Иво Санадер, потпретседателот на Хрватскиот Сабор Владимир Шекс како и претставниците на Македонската заедница во Република Хрватска.
  • Билатералната соработка на пониско, воглавно експертско ниво, е извонредна. Одржани се бројни службени средби во рамки на мултилатерални собири во Република Хрватска, Република Македонија и ширум Европа. Особено ги издвојуваме регионалниот собир во Охрид, на ден 21 ноември 2008 година, под името „конкуренти и партнери на патот кон Европската Унија„, каде учествуваше и претседателот Месиќ со делегацијата.

 



Press releases